Скандал: Тортура во македонското судство

На денешното рочиште за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), судијата Добрила Кацарска и покрај обемната медицинска документација, вешачења направено по нејзина наредба коешто ги потврдува сите претходни лекарски мислења, нервозно и со закани кон одбраната на пораншената министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска закажа дополнителни 24 рочишта за истиот предметот или вкупно 29 заедно со претходно закажаните рочишта за јуни и јули.

Рочиштата се закажани и на самиот ден кога според медицинската документација докторите го посоќил какп краен рок за породување, како и во деновите непосредно пред и по тој датум. Единствен период во кој нема рочишта е периодот кога Кацарска ќе го користи годишниот одмор, а тоа е дел од јули и август, кога впрочем сите судии се на колективен одмор.

Самата Кацарска рече дека веќе не признава никакво боледување или медицинска документација. Оцигледно не признава ниту закони. Сите рочишта за случајот „Тенк“ се закажани во период кој се совпаѓа со породилното отсуство кое Јанкулоска го има отворено во согласност со законоѕ. На овој нацин Кацарска не само што со непризнавање на законски гарантираното право на породилно отсуство се става над законот, туку и детето го лишува од правото на нега од мајката гарантирано со сите меѓународни конвенции за пренатална и постнатална грижа и за права на детето.

Предметот „Тенк“, инаку, шо ниту еден законски критериум не може да се смета за итен ниту постои каква и да е друга причина да добие приоритет пред сите останати предмети, вклучително и оние каде што поглем број обвинети се во притвор. Овие предмети се ставени на листата на чекање, само затоа што за предметот „Тенк“ некој оценил дека во најкус можен рок по секоја цена мора да има пресуда.