Скандал ја тресе Агенцијата за млади и спорт, на чие чело е Дарко Каевски, кадар на владејката СДСМ, откако извесен Демир Незири на фејсбук објави делови од збирка поезија од проектот „Млади поети“, чиј издавач е Агенцијата, а како уредник слови токму Дарко Каевски, па фејсбук зовре од коментари, пишува порталот Плусинфо.
Дека не станува збор за лажна вест сведочи оваа фотографија, пишува порталот
Од фотографијата недвосмислено се гледа кој е издавач и уредник на збирката.
Првата песна е, којашто и предизвика силни реакции во јавноста, е насловена како „Партиски вработена“, а следуваат дел од стиховите на оваа песна:
„Пушела кај координаторот“…„Му го дркала на директорот“. „Велат дека го примила корнишонот на премиерот!“ Корнишонот?! На кого ли мисли поетесава кога ги спомнува координаторот, директорот и особено корнишонот? Го знае ли Дарко Каевски одговорот на ова прашање, прашува Плусинфо.
Порталото оценува, исто така, дека станува збор и за стихови од песна којашто „сериозно смрди на шовинизам“.
„Агим е шофер, Бурим е шнајдер, Ветон е швајсер, Дардан е шверцер…“ Читајте сами. Знае ли Каевски што сакал да каже поетот?
Спомнатиот Незири го прашува директорот Каевски: „Дали си свесен дека институцијата која што ја водиш плаќа за песне што са шовинкстички, а некоаш са и на граница со говор на омраза? Дали си свесен дека ти си наведен као уредник? Ако си вистина уредник, да си даеш оставка пошто си го дозволил ова, ако не си да им удриш клоцете на тија што те места“.
Велат дека синоќа доцна Агенцијата за спорт и млади се оградила од содржината на збирката, тврдејќи дека не знаела што содржи таа. До Плусинфо такво соопштение не дошло, на ниту до другите медиуми, па не може да се тврди дали е тоа точно.
Дарко Каевски и Агенција што ја води ја финансирале оваа збирка, а директорот се потпишал и како уредник, со што ја презел објективната одговорност за нејзината содржина. Наместо објаснувања од типот „не сме знаеле“, Каевски мора да понуди објаснување како ги разбрал стиховите, вклучително и за пушењето и за корнишонот, а во спротивно, ако ништо не разбрал, треба да размисли за оставка на својата функција.
А на фејсбук профилот на Агенцијата за спорт и млади е напишано следново соопштение:
„Во испечатената збирка поезија од проектот “Млади поети” е објавена содржина која содржи недолични елементи на дискриминација. Изборот на песни кои се објавуваат го направи надворешна комисија, која требаше да направи соодветна селекција, при што АМС нема увид во содржината.
Агенцијата за млади и спорт се оградува од содржина која содржи дискриминација и смета дека е недолична. Во тек е истрага за утврдување на фактите и причините кои довеле ваквата содржина да биде објавена, после што јавноста ќе биде информирана за мерките и одговорноста кои ќе се преземат.
Агенцијата за млади и спорт се противи и ќе се бори против каква било форма на дискриминација на родова, етничка или која било друга основа.“
Но тоа, за Плусинфо е „Тенко, многу тенко објаснување, господине Каевски. Пардон, уредниче Каевски. Сепак, време е за оставка…“