Скандал во низа на Владата и на Царовска: Немаше свеченост за доделување на највисоката награда за наука „Гоце Делчев“

Нов скандал на владата и министерката Царовска кои го прекршуваат законот, се со цел да се избегне името на апостолот Гоце Делчев.

Иако за тоа постои законска регулатива и одлука на министерството за Образование и наука министерката Мила Царовска денеска не организирала свеченост за доделување на највисоката награда за наука во Македонија која го носи името на апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев.

Иако според документот на МОН кое го води Мила Царовска, како што тоа било традиција со децении, денеска требаше не беше доделена највисоката научна награда за 2020 година, тоа не се случи.

Академик Катица Ќулавкова во вестите на „Сител“ потврди дека добитници на наградата се научните трудови „Интерна медицина“ од група автори, одговорен уредник проф. д-р Соња Генадиева Ставриќ и „Сите лица на речта: беседи“ од академик проф. д-р Катица Ќулавкова.

Откако СДСМ е на власт, три години по ред, во 2017, 2018 и во 2019 година, државната награда „Гоце Делчев“ не е доделена.

Лани во декември за прв пат се распиша конкурс. Донесена е и одлука, која, според некои објаснувања, сè уште не била објавена во „Службен весник“. Наводно, тоа е причината што наградата официјално не е доделена на 4 мај, денот на погибијата на големиот македонски револуционер Делчев, како што е традиција.