Скандал: Заев ги нарече децата штитеници на домовите нова „техничка влада“

Нов скандал на премиерот на заминување Зоран Заев кој денеска на својот Твитер профил објави незаштитени фотографии од средба во Влада со децата-штитеници од домовите. Заев, кој заминува од функцијата за 9 дена, со овој чин кој е и кривично дело, се пошегува дека ова била: „новата техничка влада“?! Еден дел од фотографиите беа заштитени, т.е. заматени, но на дел од нив јасно се гледаат малолетни штитеници на установите, деца од домови кои биле во посета на Владата.

„Од срце фала ви што ми го направивте денот сон! Бајка!“ – напиша на Твитер премиерот во заминување, притоа паралелно кривично кршејќи ги нивните права со објавувањето на незаштитетни фотографии. Дали ќе има реакција од здруженијата за заштита на правата на децата?