![balkovski vlada](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/balkovski-vlada.jpg?resize=696%2C695&ssl=1)
Скандалозен статус на Фејсбук на пратеникот Љупчо Балковски од коалицијата „Можеме“ преку кој открива дека Владата се претворила во седиште за партиски состаноци.
„Одржан состанок на Коалицијата „Можеме“ за идните активности“, напиша пратеникот од ВМРО-НП над фотографијата од централната сала за состаноци на Владата.
Така, Заев ја претвори Владата во партиско седиште на државна сметка, каде што СДСМ ги креира политиките на сметка на граѓаните.