Скандалозен тендер за набавка на стентови во штипската болница доделен на фирмата „Био Медика“

Брзото богатење во редовите на СДСМ не е нова дисциплина, додека граѓаните врзуваат крај со крај, бандата функционери на СДСМ безгрижно креираат тендери со сомнителни позадини, обвинува Иван Јорданов, претседател на Општинскиот комитет ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Истражувањета на медиумите покажа дека во текот на само една година, минатата 2019-та, компаниите на семејството на Јовановски, меѓу кои е и споменатата „Био Медика“м добиле дури 46 тендери со вкупна вредност од 73.379.817 денари.

Клиничката болница во Штип неодамна распиша тендер за потрошен материјал за интервентна кардиологија. И додека оставаат впечаток дека се грижат за граѓаните, тендерот открива матна зделка, која стигнува до врвот на Клиничка болница Штип и Министерството за здравство. Имено, минатата година преку овој тендер се набавиле 60 стентови, а оваа година со тендерот се побарани дури 420 или 7 пати поголема бројка. И се разбира, тендерот го добива веќе познатата фирма БИО МЕДИКА ДООЕЛ Скопје. Оваа фирма и нејзината врска со Александар Јовановски-Жути е позната на јавноста по 35 милионскиот тендер за реагенси. Дали веќе познатата врска меѓу министерот Филипче и компанијата БИО МЕДИКА е пресуден момент за началникот на Кардиологија Сашко Николов и директорот на Штипската Клиничка болница, да вмешат свои прсти во оваа сомнителна зделка на стентови?- посочува тој.

Јорданов праша кој ќе профитира најмногу од огромната бројка на стентови набавени од страна на Клиничката болница?

-Дали триаголникот Филипче-Жути-Клиничка Болница Штип активно соработува и профитира на грбот на граѓаните во вонредна состојба? Несомнено, ова е најкриминалната структура која владеела со државава и која бесрамно кратела од устата на народот, за лично и само лично богатење, посочи тој.