Скарлет Јохансен била на аудиција за девојка на Том Круз?

Холивудската ѕвезда Скарлет Јохансон се најде во центарот на трачот, кој гостувајќи на телевизиско шоу го прошири поранешен саентолог, но и глумицата не му останала должна.

Како што пишува ТМЗ, поранешниот саентолог Брендан Тиге, кој самиот се претставил како еден од членовите на тимот за безбедност на Tом Круз, беше гостин на телевизија НБЦ во средата. Тој рече дека токму Јохансон била на листата на девојки кои требале да одат на аудиција за новата девојка на познатиот актерк, откако се развел од тогашната сопруга Никол Кидман.

Иако за „аудицијата за девојката на Том“ многу пати се зборувало и пишувало, се остана на ниво на озборувања.

А на Јонансен никако не и се допаднало што била вовлечена во тој контекст.

Самата идеја за аудиција за некаква врска е сосема понижувачка. Не сакам да дозволам било кој да шири невистини дека не сум доволно чесна и самосвесна самата да ги избирам момчињата. Само човек каков пто е Брендон Тиге може да измисли таква луда приказна, изјавила Јохансен за „Холивуд репортер“.

Меѓутоа, Тиге не се откажал и рекол дека листата со имињата на девојките дошла до него сосема случајно. Листата била испратена до неговиот печатач, а од бројните имиња ја препознал само славната актерка.

Саентолошката црква исто така се оградила од изјавите на Тиге, велејќи дека тој никогаш не бил поврзан со Круз.