Македонскиот фудбалски шампион Шкендија со три гола негатива е пред реваншот против Салцбург во квалификациите за лигата на шапионите, откако првакот на Австрија по првите 45 минути имаше водство од 2:0 .
Головите за Салцбург ги постигнаа Мунас Дабур од пенал во 16-та минута и повторно во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме. Во вториот дел тимот од Австрија постигна уште еден гол, втор од пенал, стрелец за конечните 3:0 беше Диадие Самасеку во 81 минута.
Инаку, овој натпревар се играше 100 минути, откако судијата го продолжи мечот за 10 минути. Кај домашните Јунузовиќ, поради два жолти картона, беше исклучен од игра во 83 минута од мечот.