
Илјаднции скијачи на почетокот од март ги преплавија познатите скијалишта на австрилски Тирол, потполно несвесни дека коронавирусот тивко се шири во регионот.
Илјадници луѓе така се заразиле и вирусот го однеле дома, во Австрија но и и пошироко, од Германја и Америка до Сингапур. Во меѓувреме многумина од нив ги тужеа локалните власти во Тирол поради тоа што не реагирале доволно брзо и ефикасно за да ги заштитат.
„Ќе се обидеме да откриеме кога властите дознале доволно информации за да започнат да дејствуваат, тоа ќе биде едно од клучните прашања“, изјави за медиумите Петер Колба, адвокат на здружението за заштита на потрошувачите VSV.
Во име на заразените VSV ги тужеше властите на Тирол и веќе собрале искази од 5.000 луѓе. Според документацијата на здружението, 25 лица починале откако се заразиле во тамошните зимски центри, но овој податок засега не е независно потврден.
Повеќето искази се собрани меѓу германските туристи, но има многу и од оние од регионот на Скандинавија, од САД и азискиот дел на Пацификот.
Потенцијалните отштети за оние кои таму заболеле би можеле да достигнат до пет милиони евра, тврдат од VSV. Поднесени се и повеќе од 300 поединечни тужби.
Независно од тоа, обвинтиелите во регионалниот главен град Инсбрук разгледуваат дали ќе отворат криминалистичка истрага. За ова полицијата им составила извештај на илјада страници, кој засега јавно не е објавен. Документот треба да послужи за доаѓање до сознанијата „кој знаел и кога“, изјави Хансјерг Маир од канцеларијата на тиролското обвинителство.
Центар на кризата беше Ишгл, скијачки центар кој го нарекуваат „алпска Ибица“ поради преполните барови и богатиот ноќен живот. Селото со 1.600 постојани жители минатата година го посетиле милион и пол туристи.
Критичарите на тиролските власти велат дека уште на почетокот од март имало први знаци на предупредување на коронавирусот. Така, уште на 5-ти март властите во Исланд го прогласија Ишгл за ризична зона, откако во земјата се вратиле неколку заразени скијачи.
Неименуван келнер било првото лице во Ишгл кое официјално било позитивно на коронавирусот. Дијагностициран е на 7-ми март, а веќе два дена подоцна позитивни биле 16 негови колеги и блиски конатки.
„Седев на терасата на хотелот на 13-ти март и пиев кафе, кога видов дека болничари во целосна заштитна опрема некого водат од хотелот, кој и натаму беше отворен. Секое утро на појадокот можевте да читате за новостите и активностите во одморалиштето, но ништо за вирусот“, изјави за AFP германскиот турист Лудгер Гоерг кој подоцна исто така заболел од Covid-19.
Шефот на регионалната влада на Тирол, Гинтер Плате, го отфрлува обвинувањата дека неговата администрација делувала пребавно и тврди дека сите контакти биле следени точно според упатствата на Светската здравствена организација (СЗО – WHO), а скијачката сезона била прекината на 13-ти март.
Неговите критичари, пак, велат дека тоа било предоцна, а во австриските медиуми заразата беше наречена „фијаското во Ишгл“.
Други регионални функционери велат дека регионот бил жртва на лоша среќа и „лош тајминг“.
„Каде луѓето одат во зима? Одат на скијање. Доколку вирусот се ширеше на лето, тоа што се случи во Ишгл би се случило во Римини“, вели Хелмут Мал, градоначланик на друго популарно тиролско зимувалиште Сант Антон ам Арлбер.
Сега, меѓутоа, сите се прашуваат како тоа ќе остави долгорочни последици врз Тирел, регионот познат по скијачките патеки кој секое трето евро го заработува во туризмот. И многумина стравуваат од тоа. „Дали ќе можеме да го поправиме нашиот имиџ, тоа ќе биде важно“, вели Мал.