„Скин солушн“: Филери како безбедна метода за младешки изглед

Хијалуронската киселина во облик на филери стана препознатлив препарат за подобрување на изгледот и квалитетот на кожата. Оваа супстанца која е составен дел на нашата меѓуклеточна течност се наоѓа во кожата, структурите на окото, обвивките на зглобовите.

Филерите се користат за зголемување и обликување на усните, потенцирање на работ на усните и подигање на аглите на усните, пополнување на брчките и браздите на лицето, вратот и деколтето. Тие се брз и ефикасен начин за нагласување на јаболчниците и обликување на паднатите образи, враќање на тонусот на лицето и разубавување на контурите на лицето. Со нив се третираат подочниците, дланките, и лузни на лицето и на останатите делови од телото. Важно е да се напомене дека хијалуронските филери не ја реметат мимиката.

Сите наведени прцедури успешно се изведуваат во специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина, Скин Солушн, која што поседува: Сертификат по дерматохирургија, Сертификат за филери, Сертификат за ботокс, Сертификат за мезотерапија, Сертификат за фототерапија, Сертификат за дерматоскопија, Сертификат за козметичка алергологија, Сертификат за хемиски пилинг и Сертификат за ЕЛОС технологија.

Филерите како алтернатива за естетска хирургија

Хијалуронот ни овозможува во потполност да го вратиме изгубениот тонус, што дава исклучително подмладен ефект. Корекција на брчките се прави по потполно природен физиолошки пат, а кожата го враќа својот младешки изглед. Хијалуронските филери се идеална алтернатива за пациенти кај кои не е потребна хируршка интервенција за подобрување на изгледот, за лица кои не се подготвени за естетска хирургија и за пациенти кои и после естетската хирургија можат да имаат подобри резултати со додавање на волумен со хијалуронски филер.

Зголемување волумен на усни со хијалуронски филери е брза, нештетна и ефикасна процедура,доколку се изведува од стручно лице-дерматолог!

Со стареењето кожата станува тенка и дехидрирана. Количеството на колаген и еластин се намалува а образите стануваат избраздени. Хијалуронската киселина со мала вискозност може да помогне да се подобри состојбата. Во текот на седум дена молекулите на хијалуронот се врзуваат со молекулите на водата, а кожата станува хидрирана и сјајна.

Процедурата се повторува еднаш месечно во текот на три месеци, а потоа уште еднаш после шест месеци. Добиениот ефект трае и до 2 години.

Ефектот е видлив веднаш после третманот и не може ефикасно да се спроведе на друг начин. Дури и кожата која изгледа како свиткан лист од хартија, за која се мисли дека не постои метод со која би можело да и се помогне, веќе после првиот третман е видливо подобрена.

Повторување на третманот е на годишно ниво и овозможува значително одложување на хируршките процедури.

Третманите со хијалуронска киселина можат да се комбинираат со процедурите ботокс или хемиски пилинг. Ласерските третмани не се препорачуваат бидејќи интензивното загревање на кожата доведува до побрза ресорпција на хијалуронот.

Употребата на хијалуронот во козметологијата е безбедна метода со висок процент на задоволни пациенти.

Несаканите реакции варираат и се сведуваат на краткотрајна преосетливост, појава на модринки, благ оток и минимални оштетувања на кожата од убодот на иглата.

Специјалистичката ординација по дерматовенерологија и естетска медицина, Скин Солушн исто така врши:

Прегледи на сите видови кожни и сексуално-преносливи болести; Консултации во врска со вашата кожа; Крио терапија и калтеризација (отстранување на брадавици, младешки и папиломи); Третирање на кожни алергии; Инјектирање на дермални филери; Инјектирање на ботокс; Микродермоабразија; Ултразвучна кавитација; Ултразвучен пилинг, Лифтинг на лице, Јонофореза, Вакум, Дарсонвал, Анти-ејџ третмани; Третмани за избелување (пигментација и флеки), Хемиски пилинг, Класичен третман за лице, Третман за сува и дехидрирана кожа, Третман за нормална и комбинирана кожа, Екслузивни третмани за сјај и хидратација, Хидролифтинг третмани, Третмани за околу очи, Медицински третмани за чувствителна и реактивна кожа, Третмани на лице за мажи со фито-дермо козметика и др.