Во еден од последните дуело од 10-то коло на италијанското фудбалско првенство, Рома на гости ја совлада Сампдорија со 1:0 и скокна на четвртото место на табелата.
Тврдиот натпревар беше решен уште во 9 мит, кога Лоренцо Пелегрини беше прецизен од белата точка. До крајот на мечот „Волчицата“ ка одржуваше предноста и ја впиша седмата победа сезонава.
Победите на Рома ова првенство беа изразен најчесто со истиот резултат 1:0, за што зборува податокот дека нејзините напаѓачи постигнаа само 13 погодоци на десетте натпревари.
Рома сега е четврта со 22 бодови, зад водечкиот Наполи кој има 26 бодови, втората Аталанта има 24 а третиот Милан 23 бодови. Зад Рома се градскиот ривал Лацио и Удинезе со бод помалку.
Сампдорија е и натаму е без победа со три ремија и со дури седум порази, па со три бода и натаму е последна 20-та.
Во последниот натпревар од колото Лече и Фиорентина одиграа без победник 1:1. Домашните поведоа кон крајот на првото полувреме во 43 минута, а стрелец беше Асан Чеесај, но веднаш на почетокот од вториот дел, во 48 минута, Кристијан Куаме израмни.
Фиорерентина е 13-та со 10 бодови, а Лече со осум бодови е 16-ти.