Скок на цените на нафтата

Еден барел „лесна нафта“ за терминска испорака во јануари на Трговската берза во Њујорк поскапе за 1,18 долари на 97,22 долари за барел, додека иста количина од северноморската нафта од типот „брент“ на пазарот во Лондон чинела 112,88 долари, односно за 26 центи повеќе.

„Лесната нафта“ поскапе за 2,22 долари во Њујорк откако канадската компанија „ТрансКанада“, која го гради нафтоводот Кистон, навела дека јужниот дел од нафтоводот на трети јануари ќе почне да пренесува нафта од резервите до рафинериите во Тексас.

Аналитичарите наведуваат дека се очекува американско Министерство за енергетика ќе соопшти дека комерцијалните резерви на сирова нафта минатата недела се намалени по десет недели пораст.