Скопјанец ем удрен со возило ем натепан

Во неделата  во СВР Скопје, 59-годишнит Н.Е. од скопското село Страчинци, пријавил дека околу 1,30 часот, додека управувал патничко возило „форд мондео“, со скопски регистарски ознаки, во близина на игралиште на подрачјето на Шуто Оризари, бил удрен од непознато возило од кое излегле 36-годишниот М.Б. од Скопје и неговиот син и физички го нападнале.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.