СВР Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишниот Р.С. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот, во текот на 2020 година, приливите на своите трансакциски сметки во вкупен износ од 6.668.850 денари не ги пријавил во поднесената задолжителна годишна даночна пријава до даночниот орган и со тоа одбегнал да плати данок во вкупен износ од 666.885 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.