СВР Скопје поднесе кривична пријава против 40-годишени жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Сега пријавениот идентификуван како Д.П. на 16-ти март годинава на наплатната рампа „Миладиновци“, бил сопредн од полициски службеници кои извршиле преглед во возилото во кое тој бил сопатник, при што кај него пронашле и одзеле хероин.