Скопјанец починал од убод на стршлен

Скопјанец починал од убод на стршлен, вчера, соопшти МВР.

Како што соопшти полицијата, во Полициската станица Карпош, лекар од Итна медицинска помош пријавил дека околу 16.30 часот во својот стан на улицата Никола Русински бил пронајден починат М.Т.(49).

На местото на настанот била затекната В.М.(57) од Скопје, која изјавила дека во 16.11 часот добила повик од М.Т. дека го каснал стршлен и побарал од неа да повика итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.