Скопјанец починал по пад од покривот на куќа

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во селото Ајватовци додека 73-годишниот Ѓ.С.) од Скопје извршувал градежни работи на кров од куќа која е во сопственост на 72-годишниот М.С., паднал од покривот при што починал на лице место.

Од МВР сопштија дека од итна медицинска помош е констатирана смрт.

Увид на лице место е извршен од екипа од СВР Скопје и известен е трудов инспектор.