Скопјанец приведен во струшки авто-камп

Полицијата вчера во авто-камп во селото Радожда, струшко, го лишиле од слобода 24-годишниот А.А. од Скопје, затоа што кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во полициската станица и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.