Скопјанец пронашол рачна бомба на таван во куќа

Скопјанец вчера попладне пронашол рачна бомба на таван од куќа во Ѓорче Петров. 

– На 06.10.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, Б.Д.(48) од Скопје пријавил дека околу 13.45 часот на таван од куќа во село Ново Село, скопско, пронашол рачна бомба, која ја донел и предал во станицата за понатамошна постапка, соопштија денеска од полицијата во дневниот билтен.