На 26.02.2020 во 00:10 часот во СВР Скопје, 25-годишна девојка од Кавадарци пријавила дека на 25.02.2020 околу 22 часот во лифт во зграда на улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“ едно лице се самозадоволувало пред неа и се обидело да ја повлече до него.
Според пријавеното, таа го оттурнала и успеала да избега кога застанал лифтот.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.