Во поенделникот во 19.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански одреди“ се случила сообраќајна несреќа во која мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 35-годишниот А.С. од Скопје, удрил во запрено патничко моторно возило „гранд чироки“, сопственост на МВР.
Притоа, со телесни повреди се здобил А.С., констатирани во Ургентен центар на Клинички центар „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.