Скопјанка со нож го прободела сопругот додека се расправале во нивниот дом.
Во 17,50 часот вчера во СВР Скопје, на улица „Христо Татарчев“ била приведена 43-годишната В.К. која при семејна расправија со нож му нанела убодна рана на нејзиниот сопруг, 43-годишниот М.К. од Скопје.
Од лекар на М.К. му биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.
В.К. е пренесена во психијатриска болница.
Се работи на расчистување на случајот.