Скопјанка на возраст од 48 години во саботата напладне го пријавила поранешниот партнер во полицијата, порад полов напад врз дете, кој се случил пред две години.
Во СВР Скопје, жената пријавила дека пред околу две години, нејзиниот поранешен партнер И.Н., на 44 години, во викенд куќа во кривопаланечко село извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка, информира МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.