
Скопје е во мрак, речиси сите скопски населби останаа без струја во неделата. Падна системот. По половина час само во Ѓорче Петров и во Бутел имало струја. Претпоставките се дека сите се вклучени на евтина струја во недела.
Според неофицијалните информации, проблемот е поради дефект на трафостаницата во Пинтија. Струјата трипати доаѓаше, па повторно се гаснеше.
Без струја се населбите Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Водно, Козле, Ѓорче Петров, Мичурин, Автокоманда и дел од Центар.
Засега нема официјално соопштение за ваквата состојба. Една од претпоставките е дека доаѓа до преоптоварување, кога сите се вклучени на евтина струја во недела.
Веб-страницата Инфомакс.мк објави видео дека има пожар под далекуводот до трафостаницата во Пинтија.
https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1049443425606873/