Скопје и Тетово во четврта ризична категорија, СЗО направи категоризација на епидемиолошката слика во земјава

Светската здравствена организација ги категоризираше епидемиолошки најзагрозените градови во Македонија.

Според степенот на ризик, Скопје како главен град е во четвртата фаза, што значи широко распространето (нелокализирано) ширење.

Тетово е во иста фаза, но според наодите, ширењето е локализирано.

Во однос на состојбата во Штип, град во кој последните денови е многу голем бројот на заразени лица и според епидемиолошките експерти стана жариште на вирусот, дистрибуцијата е во трета критична фаза, но  контролирана и локализирана.

Другите градови во земјава се во втора фаза, што значи дека случаите на заразени лица се спорадични.

Наодите на СЗО се засноваат на неделни биланси, пренесува Алсат телевизија