Скопје останува жариште на коронавирусот, Гази Баба сега на врвот според активните случаи

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73.851, бројката на оздравени пациенти е 50.046, на починати е 2.147, а бројот на активни случаи изнесува 21,658.

Од почетокот на пандемијата во Скопје со коронавирус се заразиле 31.871 лице, а бројот на активни случаи е 11.307.

Општина Гази Баба, последниот период според бројот на активните случаи на коронаинфекциите ги надмина до неодмана водечките Аеродром и Карпош, кои и натаму бечежат висок показател.

Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство, активни случаи има во секоја скопска општина:

• Чаир – 732
• Гази Баба – 1690
• Аеродром -1556
• Карпош – 1416
• Центар – 1249
• Кисела Вода – 1481
• Ѓорче Петров – 1022
• Бутел – 587
• Шуто Оризари – 194
• Студеничани – 59
• Сарај – 175
• Арачиново -22
• Илинден – 311
• Сопиште – 68
• Чучер Сандево – 102
• Петровец –116
• Зелениково -105
• Странец – 257
• Нераспределен- 165