Скопје вечерва е седмиот најзагаден град во светот

МАкедонската престочлнина Скопје во понеделникто вечерта уште еднаш се нареди меѓу десетте најзагадени градови на планетата, и е на седмото место, според интернер реурсот air visual.

Гостивар, Куманово, Штип, Струмица, Тетово, Охрид, Свети Николе е високо загаден, покажуваат податоците од мерните станици.

Битола, Кавадарци, Кочани и Велес овој пат имаат малку почист воздух од другите градови.

Во светски рамки, од балканските градови позагадено од Скопје е само Сараево, кое се најде на високото 4-то место.

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека воздухот во Скопје е 2-3 пати позагаден од дозволеното.