Четириесет и осумгодишен скопјанец во вторникот вечерта синоќа добил смс порака од непознат телефонски број дека неговиот 14-годишен син бил грабнат.
Случајот, како што соопшти полицијата, го пријавил во СВР околу 20 часот. Веднаш биле преземени соодветни мерки и момчето е најдено кај друг малолетник.
Малолетникот е приведен во полициска станица. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.