Скопјанец од Грција се вратил без предната регистaрска табличка. Ова е втор случај на украдени регистерски таблички на македонско возило во Грција, а досега се регистрирани шест случаи на оштетени македонски возила во Грција.
Граничната полиција евидентирала случај на украдени регистерски таблички од македонски државјанин кој летувал во Грција.
Како што информира МВР, во неделата на граничниот премин „Богородица“ од страна на скопјанецот Б.Ј. пријавил дека два дена претходно, односно на 21.08.2015 година во местото Пефкохори, била украдена предната регистарска табличка од неговото патничко моторно возило „Ауди“.
Инаку, ова е втор случај во кои се украдени регистарски таблички, а досега полицијата регистрирала шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Република Грција.