Тројца малолетници без повод и причина вчера нападнале 20-годишен скопјанец.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера, околу 18 часот на улицата Цветан Димов во близина на трговскиот центар Чаирчанка бил нападнат 20-годишниот К.Б.
Додека тој се симнувал од автобусот 57-ца без повод и причина бил физички нападнат од 17-годишните А.Т. С.Б. и Н.И., удирајќи го по телото, а потоа му го одзеле мобилниот телефон.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.