Скопјанец олеснет за 65 илјади евра

Вчера во времето од 10,30 до 12,00 часот во Скопје на ул. „Пандил Шишков“ во стан сопственост на А.Г.(42) со подесен алат извршена е тешка кражба од страна на непознат сторител при што е украден златен накит, 30.000 евра, фото апарат и пари,  во вкупна вредност од 4.000.000 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.