Крадец успеал да влезе во стан на Партизанска од каде украл пари и поголема количина на златен накит, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во станот на 33-годишниот В.А. од Скопје од каде се украдени 300 евра, 2.000 денари и златен накит, по што е причинета материјална штета од околу 250 илјади денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.