Двајца скопјани утрово се уапсени на граничниот премин Богородица при обид да прокриумчарат дрога.
Според првичните информации кај лицата кои се превезувале со автомобил „Мердецес“ биле пронајдени околу 10 килограми, а најверојатно дрогата ја набавиле во Турција за преку Грција да ја пренесат во земјава.
Во моментов со лицата се разговара, а полицијата повеќе детали најавува за подоцна.