![sportski-natprevari-640x425](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/sportski-natprevari-640x425.jpg?resize=640%2C425&ssl=1)
Трајановски истакна дека Градот Скопје има одлична соработка со збратимените градови во сите области, па така и во спортот.
-Ние ќе продолжиме и понатака како Град Скопје да финансираме во спортот, затоа што сметам дека е еден од најдобрите амбасадори на претставување на својата земја. Исто така во здраво тело има здрав дух, не мора да бидат сите професионалци, многу е важно да се занимаваат со спорт поради себе лично, заради своето здравје и за да може подобро да ги извршуваат своите работни задачи, потенцираше градоначалникот на Град Скопје.
Средношколските екипи се натпреваруваа во футсал, одбојка, ракомет и кошарка и ги постигна следниве резултати:
Во футсал (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Подгорица.
Во одбојка (женски) првото место го освоија средношколките од Скопје, втори беа средношколките од Софија, а на третото место средношколките од Загреб.
Во ракомет (женски) најдобра беше екипата на Скопје, втори беа средношколките на Загреб, а третото место го освои екипата од Подгорица.
Во ракомет (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.
Во кошарка (жени) најдобра беше екипата на Загреб, а второто несто го освоија средошколките на Скопје.
Во кошарка (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.