Ослободувањето на Скопје и оваа година ќе биде прославено со спортски активности, кои веќе традиционално се одржуваат во СЦ „Борис Трајковски“.
Под покровителство на центарот, заедно со помагателството од Град Скопје и Општина Карпош, СЦ „Борис Трајковски“, Хокеарска федерација на Македонија и Хокеарски клуб Металург Скопје ќе биде домаќин на традиционалниот меѓународен турнир во хокеј на мраз.
Во сабота 15-ти ноемрви 2014 со почеток во 09:00 часот се игра првото полуфинале помеѓу ХК Спартак Суботица од Србија и ХК Црвена Ѕвезда Софија од Бугарија.
Истиот ден од 11:00 часот домаќинот ХК Металург Скопје ќе се соочи во второто полуфинале со ХК Ираклис Солун од Грција.
Финалето е во недела со почеток од 11:00 часот, а малото финале за трето место од 09:00 часот.