Скопје наскоро со јавни тоалети, како тие изгледаат низ светот

Скопје веќе неколку децении нема јавни тоалети. Тие што некогаш им користеа на граѓаните сега се нефунционални и руинирани, а некои од нив повеќе и не постојат.

Пред неколку години во главниот град се појавија подвижи тоалети од типот на „Тоифор“ кои на некој начин не соодветствуваа со архитектурата на било кој дел од градот.

Јавен тоалет е потреба, а Скопје во моментов тоа го нема. За таа цел, скопскиот градоначалник Коце Трајановски, во текот на вчерашниот ден најави дека е планирано да се постават јавни тоалети кои ем ќе бидат убави на изглед, ем ќе бидат функционални за потребите на граѓаните.

„Град Скопје бара нов тип на тоалети кои имаат подобар изглед и кои ќе можат да бидат ставени во центарот на градот, бидејќи сегашните тоалети, „Тоифор“ немаат добар изглед за фрекфентните места, како плоштадите“, изјави градскиот татко Коце Трајановски.

Постапката за избор на новите тоалети ќе трае до Нова година, а Трајановски се надева дека Градот ќе добие нови тоалети на почетокот на следната година.

„Тоалетите најверојатно ќе бидат поставени на плоштадите „Македонија“ и „Филип Втори“, кејот на Вардар и на други места во централното подрачје, односно онаму каде има поголема фрекфенција на народ“, додаде Трајановски.

Како изгледаат јавните тоалети во светот

Помошта е секогаш добредојдена, па да им дадеме идеја на нашите градски власти за тоа како би можеле изгледаат идните скопски јавни тоалети

00001

01_Trail Restroom_Bardagjy

6d0e13dbd216dca385cea65482ac621e

09-044-02A

077O2606

GK Picture

HPR03

Kumutoto Toilets 1

MAINcentennialparkamenitiesBB(A4)

WCPavilion01DGrandorge