Скопје никако да добие трамвај – продолжен рокот за концесионер

Градот по трeт пат го пролонгираше крајниот рок на огласот за изнаоѓање концесионер кој треба да изгради трамвајската мрежа, да ја опреми со шински возила, а за возврат да стопанисува со транвајот 35 години. На потенцијалните инвеститори сега им се дава дополнително три месеци да достават тендерска  документација. Причина за продолжување на рокот не е поради немањето интерес, како што велат од Градот, туку поради барањето на заинтересираните фирми да добијат повеќе време за да ја комлетираат потребната докумантација. Ова беше причина и за пртходното пролонгирање на рокот.
Минатиот оглас за изнаоѓање концесионер пропадна, бидејќи единствено пријавената унгарска фирма која даде понуда  „Скурдал и Метнит групација“ не ги исполуваше условите.

Транвајот, кој во Скопје долги години се најавува како алтернативен јавен превоз, според последната студија е со траса од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, Понудената траса според изработената студија е во должина од 12,1 километар, а проценетата вредност на инвестицијата е  243 милиони евра.

Досегашните проценки од студијата покажува дека потенцијалниот инвеститор и концесионер, би работел на граница на рентабилноста, па, заради поголема атрактивност кај понудувачите, со по 50 отсто  во инвестицијата ќе учествуваат Владата и Град Скопје. Во годинешниот буџет на Град Скопје, предвидени се 83.000 евра. Пари за трамвајскиот систем се планирами и во Програмата за развој, па така за следната 2015-та година се предвидени околу 2,8 милиони евра, а во 2016-та година за трамвајот ќе се издвојат околу 13,2 милиони ерва.

Концесионерот нема да се прави конкуренција на јавното сообраќајно претпријатие и приватните автобуски превозници. Значи, на трасата на која ќе се движи трамвајот, нема да соообраќаат автобуси. Според студијата ќе има 22 транвајски композиции. Во првиот период ќе има една линија од населбите Ново Лисиче до Ѓорче Петров, понатаму во зависност од тоа како ќе се покаже исплатливоста на инвестицијата ќе се направи студија и за други траси.

Според пропишаните критериуми од тендерот, понудувачот за да може да победи на огласот треба да има реализирано најмалку 20  милиони евра добивка пред оданочување за последните три години, да има приходи од најмалку 200 милиони евра кумулативно во последните  три години, да има искуство во изградба на пруги,станици и депо, искуство во изградба на систем за напојување и инфраструктура, стопанисување со лесен шински или трамвајски систем и стручен кадар.