Шкотска ќе го намалува бројот на смртни случаи поврзани со употреба на алхолни пијалоци, така што стана прва земја во светот која воведува минимална цена на алкохол, што значи дека трговците сега ќе мора да обезбедат дека една единица алкохол нема да се продава по цена пониска од 50 пени.
Според одлуката на Владата, шише вино од 750 милилитри, која содржи 13 отсто алкохол нема да може да продава за помалку од 4,88 фунти, идентично шише со виски со 40 отсто алкохол ќе чини не помалку од 14 фунти. Шкотската влада ги предупреди трговците дека нема да има период на попуштање и дека дозволите ќе им бидат одземани ако не го почитуваат законот.
Секоја недела во Шкотска умираат 22 лица поради болести поврзани со алкохол, а тој здравствен проблем во Шкотска чини повеќе од три милјарди фунти годишно. Шкотската премиерка, Никол Старџен изјави за Скај Њус дека новиот закон ќе спаси животи.
Предвидувањата се дека во првите пет години од спроведувањето на оваа политика за стотици случаи ќе се намали бројот на смртни случаи од алкохол, а ќе биде намален и бројот на приеми во болниците. Ова е само статистика, но секој поединец од оваа статистика е човек со семејството, со пријатели, со животот и ако успееме да спасиме животи, оваа политика е дефинитивно вредна, вели Старџен.
Во Велика Британија во 2016 година починале 7.327 лица од болести поврзани со алкохол.
Во истата година е забележано дека на 100.000 мажи, 30.9 во Шкотска умреле од алкохол, во Северна Ирска 22.2, а во Велика Британија и Велс по 14.6.