Скратена, но достоинствена програма за прославување на 117-годишнината од Илинденското востание, најавува општина крушево. Оваа година ќе изостанат собирањата. Од комисијата за заразни болести утре и задутре се чекаат препораки и решение за прославите за Илинден во Пелинце, Скопје и во Крушево.
Централната прослава на националниот празник е на 2 август, на Илинден, на Мечкин камен, а инаку програмата која ја организира Крушево опфаќа 10 дена.