Скршена спомен плочата на Мара Бунева

Само неколку часа откако беше поставена спомен плочата на Мара Бунева, истата беше искршена од непознати лица.

Синоќа околу 21 часот во Министерството за внатрешни работи телефонски било пријавено е дека е искршена спомен- плочата на Мара Бунева, по што полициска екипа веднаш излегла на местото на настанот и презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Претходно, во центарот на Скопје на кејот на Вардар, во организација на Бугарскиот културен клуб, беше поставена спомен- плоча во чест на Бунева. На поставувањето на сомен- плочата и’ претходеше панихида во црквата „Свети Димитрија“.

Денеска се навршуваат 86 години од атентатот што го извршила Мара Бунева врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ во Скопје, по што се самоубила.