Слаба излезност во Струга и Гостивар, вевчанци најажурни – 52,46 отсто излегле на гласање

Западна Македонија сѐ уште не излегла на гласање. Гостивар, Струга, Врапчиште, Боговиње, Теарце, Желино, Брвеница имаат зилезност под 20 отсто.

Се двои Вевчани каде излегле над 50 отсто од запишаните гласачи, а висок процент на излезност има и во Демир Хисар,каде речиси 40 отсто го оствариле своето право на глас, во Дебар, во Македонски Брод, Битола, Дебарца, Охрид досега излегле над 30 отсто од гласачите.

Струга 18,70
Гостивар 18,81
Врапчиште 16,29
Боговиње 15,92
Теарце 15,75
Тетово 20,83
Желино 19,71
Брвеница 18,60
Кичево 23,20
Дебар 34,75
Вевчани 52,46
Охрид 30,52
Битола 32,05
Ресен 23,10
Дебрца 30,98
Демир Хисар 39,63
Македонски Брод 34,07