Следната среда унгарскиот парламент ќе ја започне расправата за ратификација на финското и шведското членство во НАТО, според дневниот ред за следната седмица.
Финска и Шведска поднесоа барање ланската пролет за членство во Алијансата по децениската тасна соработка со НАТО и покрај декларираната наводна воена неутралнсот, правдајќи се со чувство на загрозеност по руската инвазија на Украина минатата година, велејќи дека сакаат да се приклучат задно Додека повеќето земји-членки им дадоа зелено светло, Турција и Унгарија допрва треба да го ратификуваат барањето.
Анкара г обвинува двете нордиски земји за давање политички азил на лицата и организициите коишто турските власти го гонат за теорозам, а особено ја обвинува Шведска која изминатиот период запре испораки на лица осудени во турските судови и даде дозвола за два протеста на екстремисти и курди активисти блиску турската амбасада во Стокхолм на кои беше обесена наопаку кукла со ликот на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и беше запалена светата книга на муслиманите Куранот.
Поради тоа, Турција неодамна навести дека ќе го одобри само членството на Финска во НАТО, а Унгарија тврди дека постапката се одложува поради законодавните компликации потребни за ослободувањето на грантовите од Европската унија, по притисокот на Врисел врз Будимпешта поради изразената суверенистичка политика којашто ја води владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок минатата седмица ги повика Турција и Унгарија да им дозволат на Финска и Шведска да се приклучат на НАТО, велејќи дека очекува сите членки да ги ратификуваат барањата „без дополнително одлагање“.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан во ноември изјави дека неговата влада веќе одлучила да го поддржи финскиот и шведскиот пристап во НАТО. Унгарската влада поднесе соодветни закони во јули, но парламентот, во кој владејачката партија Фидес на Орбан има двотретинско мнозинство, сѐ уште не расправаше за нив.