Што ќе се случи кога Северна Кореја ќе успее целосно да ја развие својата нуклеарна програма? Кога режимот ќе дојде до нуклеарна боева глава, која ќе може да се монтира на ракета и да помине големи растојанија. Тогаш властите во Пјонгјанг ќе бидат заштитени од останатиот свет и ќе можат да се придвижат кон следниот чекор – Обединување на Корејскиот полуостров, независно дали тоа ќе биде преку федерација или преку друг вид на сојуз.
Ваков развој на настанате е многу далечен. САД претставуваат пречка, со која Пјонгјанг ќе треба да се справи, независно дали преку предизвикување на дипломатски скандал меѓу Вашингтон и Сеул, или преку постигнување на спогодба за повлекување на американските војски од регионот. Или, пак, можеби и двете опции. Во процесот на имплементација на таа цел, Северна Кореја постепено ќе врши притисок врз Југот, принудувајќи го полека на се’ поголеми отстапки. Откако Сеул се обидува да спречи војна и отстапките сами по себе се мали, тогаш малку е веројатно да се одговари со сила. И покрај тоа што Северот не го решил првиот проблем, во таква една ситуација можно е да станеме сведоци на имплементација на вториот дел од планот.
Мали чекори
Кон крајот на минатата недела, Северот одново почна операции во индустрискиот центар во Кесон, кој претходно беше управуван истовремено од двете корејски држави. Сега Северна Кореја вежба целосно контрола над него. Тој беше затворен минатиот февруари, само еден месец откако Пјонгјанг ја изврши својата четврта по ред нуклеарна проба, поради која Јужна Кореја ги повлече своите работници оттаму. Минатата недела државните медиуми потврдија дека Северна Кореја доби легално право да управува со објектот. Тоа го потврди и радиото „Слободна Азија“, кое информираше дека 19 текстилни фабрики повторно се отворени.
Постојат два начина да се протолкува ова. Едниот е дека Северна Кореја ја чуствува силно тежината на економските санкции и има потреба од ресурсите на Кесон за да се одржи на нозе. Но, треба да се одбележи и дека Пјонгјанг веќе одреден период трпи економски санкции, иако можеби сега тие се најинтензивни. Сепак, и покрај тоа земјата продолжува да ја развива својата нулеарна и ракетна програма. Вториот, пак, е дека Северна Кореја длабоко се уверила во своите способности и почнува да ги презема тие мали чекори кон Јужна Кореја. Неколку случувања од изминатите денови го поткрепија ова, но сепак не го потврдуваат целосно. Прво…