Следниот чекор на Северна Кореја

Прво, кон крајот на септември, годинава, по својота шеста нуклеарна проба, Пјонгјанг се закани дека ќе изврши тестирање на оружје во Тихиот океан. Таков тест со сигурност ќе вклучи користење на балистичка ракета, опремена со нуклеарна глава. Ако се случи, тогаш тоа ќе биде кристално јасен сигнал дека Северна Кореја ефективно ја развива својата нуклеарна програма.

Затишје пред бура

Ким Јонг-Ун многупати изјави дека распоредувањето на американски воени сили во и околу Корејскиот полуостров се претставува закана за Пјонгјанг. По тестирањето, во кое балистичка ракета прелета над Јапонија, во средината на септември, годинава, Ким посочи дека причина за оваа проба било одржувањето на заедничките воени вежби на САД и на Јужна Кореја. Тој се закани дека Гуам, каде е стационирана база на американската армија, исто така е во опсег на ракетите. Од гледна точка на Северна Кореја, ако тие вежби зачестат, тогаш возможно е некоја од нив тивко и брзо да прерасне во напад.

Во последно време САД, Јужна Кореја и Јапонија извршија четири дејствија. Прво беше воената вежба на 10 октомври, годинава, на два американски бомбардери, придружувани од јужнокорејски и јапонски ловци. Второ, носачот на авиони „Роналд Реган“ и еден јапонски разурнувач одржаа заедничка воена вежба еден ден подоцна, односно на 11 октомври. Трето, истиот ден, нуклеарна американска подморница пристигна во Јужна Кореја – иако тоа беше познато од порано, сепак претставува закана за Пјонгјанг. И четврто – на 14 октомври почна воена вежба на армиските флоти на САД и на Јужна Кореја. Воените вежби и раздвижувањата се нешто нормално, но сегашното нивно зачестување не е. Можеби САД организираат превантивен удар или се обидуваат само да го заплашат Пјонгјанг.

Исто така, ова се’ се случува кусо време откако Доналд Трамп објави на социјалната мрежа „Твитер“ дека дипломатскиот дел од кризата е доведен до својот крај. Според него, ако американската дипломатија не проработила, „само едно нешто ќе проработи“. Дополнително, на петти октомври, годинава, Трамп изјави дека „го набљудуваме затишјето пред бура“.

Ким Јонг-Ун не е во позиција да знае со сигурност што прават неговите непријатели околу полуостровот – дали ситуацијата е нормална или нешто поголемо се крие. Ако режимот навистина располага со нуклеарно оружје, и верува дека ќе биде нападнат од САД, сега е времето за нуклеарен тест. Можеби подготовките се во тек. САД неколкупати соопштија дека нивниот национален интерес не им дозволува Северна Кореја да поседува нуклеарно оружје. Ако сепак Пјонгјанг успее и покрај се’, тогаш ќе значи дека ја минал тенката црвена линија, која можеби ќе го натера Вашингтон да ја смени својата политиката во однос на Корејскиот полуостров и западниот пацифик. Можеби, пак, еден ден ќе ги сметаме случувањата околу Кесон како почеток на обединувањето на Корејскиот полуостров. А, можеби и не.

Автор: Хавиер Снајдер за „Geopolitical Futures“