
Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на државава.
„Согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 23 октомври 2020 година (петок), Ден на Македонската револуционерна борба, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија“, се наведува во соопштението.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните им го честита Денот на Македонската револуционерна борба.