Во текот на денов облачноста од југозапад малку ќе се зголеми па времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.
Под влијание на висинскиот циклон „Глорија“ доцна попладне и навечер ќе биде нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите можно е да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со поинтензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, па поради ваквата ситуација граѓаните ги советуваме да бидат внимателни.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.
„Глорија“ ќе се задржи и во следните денови и ќе условува нестабилност, локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а можно е и локално невреме.
И поркај ова ќе продолжи многу мачното, спарно и тешко време.