Полека но сигурно утрата се се посвежи, а преку ден температурите на воздухот се с попријатни, што значи дека екстремно топли денови како и што кажавме пред некој ден, веќе не очекуваме оваа сезона.
До крајот на денов времето ќе биде сончево со умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен и од југозападен правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Долж Повардарието ветерот ќе биде од северен правец. Исто така ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи, особено во планинските предели.
Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени.
Потоа во следните денови времето ќе биде сончево и пријатно топло преку ден со мала до умерена локална облачност, а услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи во попладневните часови ќе има во среда.
Утрата ќе бидат се посвежи, и тоа поради надоаѓањето на климатолошката есен и поради се пократките денови и подолгите ноќи, и минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени во најтоплите предели, додека максималните ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.
Уште пониски температури на воздухот преку ден ќе имаме од четврток, кога максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 30 степени.
Ув индексот сепак и понатаму ќе има ВИСОКА вредност (коефициент 7).
И во Скопје и околината денес, како и во следните денови времето ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 28 степени.