Слон убил 28-годишен маж во понеделникот во едно летувалиште во Тајланд, а тешко го повредил неговиот пријател.
Двете жртви на невообичаен напад на слон врз луѓе вечерале во локален ресторан и со чуварот, водич на слонови, разговарале за тоа какво јадење да му купат на неговиот слон.
Одеднаш, велат без повод, слонот се нафрлил врз неговите потенцијални доброчинители и буквално му ги здробил градите на младиот човек, вработен во компанија за мобилни оператори. При обидот да му помогне на својот колега, со тешки повреди завршил и неговиот пријател.
Локалните медиуми пишуваат дека како што збеснал, слонот исто така ненадејно се смирил, но по неговото злосторство тој тешко дека ќе шета слободно. Јавноста во Тајланд бара и тој со смрт да ја плати својата агресивност.