Словачка ќе го затвори специјалното обвинителство за најтешки злосторства

Ќе се затвори специјалното обвинителство кое се занимава со најтешките злосторства и корупција, ја објавија американските медиуми денешната одлука на новата влада на Словачка, предводена од премиерот Роберт Фицо. Измените се одобрени со амандман на Кривичниот законик.

Опозицијата и невладините организации се спротивставија на одлуката, како и словачката претседателка Зузана Чапутова, велејќи дека таа е против владеењето на правото.

Чапутова ги нарече плановите на владата за промена на правосудниот систем „патетични и опасни“.

Со одобрениот амандман се предвидува специјализираното обвинителство да престане со работа до 15 јануари следната година.

Обвинителите од него ќе се распределат под раководство на главниот обвинител, а територијалните одделенија на специјализираното обвинителство ќе преземаат предмети кои не се затворени.

За да стапи на сила затворањето на ова обвинителство, измената на кривичниот законик мора да биде одобрена од парламентот и претседателот на државата.

Според словачкиот огранок на меѓународната антикорупциска организација Транспаренси интернешенел, осудени се 95 отсто од обвинетите чии случаи специјализираното обвинителство ги испратило до судовите, вклучително и високи владини функционери.