Министерството за одбрана на Словачка привремено ги сопре вежбовните полети на руските ловци од моделот „МиГ-29“, соопшти во неделата министерот Петер Гајдош, откако авион од овој тип се урна во саботата вечерт.
Во областа на градот Злате-Моревец во централнот дел од земјата, во саботата доцна вечерта се урна „МиГ-29“, при што пилотот успеал навремено да се катапултира. Според порвичните податоци, причина за несреќата можеби било недоволно количество гориво во леталото.
„Нема да шпекулираме за причините (за падот на авионот), ќе чекаме на заклучоците на комисијата. Инциденреот го испитува врвот на регионалната полицијата на градот Нитра под надзор на обвинител. Сите тренинг летови на ‘МиГ-29’ се привремено се запрени. Верувам, дека барем привремено ќе стивнат гласовите на оние кој ја доведуваат во прашање потребата за набавка на новите ловци ‘F-16’. Безбедноста на нашите војници за мене е на прво место“, рече Гајдош чие обраќање беше директно пренесувано на мрежните телевизиски канали.
Челникот на словачкото министерство за одбрана ја истакна храброста на пилотот на урантиот авион, кој до последен момент го управувал надвор од населени места и потоа се катапултирал.
Авионите „МиГ-29“, според кодификацијата на НАТО – „Fulcrum“, се советски и руски ловци од четвртата генерација. Наменет за уништување на сите видови воздушни цели во прости и сложени временски услови. Воздухопловните сили на Словачка располагаат со 11 вакви авиони.
Во Словачка инаку се водеше голема расправа откако владата постигна договор за купување на 14 авиони од американските „F-16“, од кои првите летала треба да бидат испорачани во 2022 година.